-->
-->
Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-->

Утре и во петок во земјава ќе се задржи стабилно и потопло време, со услови за појава на утринска магла по котлините, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на утрешниот ден минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до -1 степен Целзиусов, додека максималните дневни температури ќе бидат од 6 до 13 степени.
Според прогнозата на УХМР, за време на викендот се очекува зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планински предели врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури повторно ќе бидат во опаѓање.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки
-

Лишено од слобода лице од валандовско, управувал возило под дејство на алкохол
-

Прва медицинска евакуација од Вселената
-

Ненадејни поплави ја погодија австралиската држава Викторија
-

Трамп за Пахлави: Изгледа многу симпатичен, но не знам каква улога би играл во својата земја
-

Грантови од МОН за училишни активности за заштита на учениците од насилство и од разни видови пороци
-

УНИЦЕФ: Во Појасот Газа за три месеци загинаа повеќе од сто деца
-

Најстудено утрово во Берово, 25 сантиметри снежна покривка на Попова Шапка
