ССМ: Протест за 1 мај - Работниците се државата
Под мотото „Работниците се државата“ Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија по предлог на Претседателството на ССМ едногласно донесе Одлука да организира протест за 1 мај на Меѓународниот ден на труд.
- Се обраќаме до нашите братски синдикати, до сите работници и граѓани, пензионери, стечајни работници, невработени и студенти на оваа држава, крајно време е да ни се придружат и да ни дадат поддршка, односно безрезервно да ни се приклучат во сите активности што на овој план ќе ги преземеме во наредниот период. Недозволиво е во Македонија функционерите да добијат 78 отсто покачување на платите, а работниците 0 проценти, се наведува во денешното соопштение од ССМ.
Од ССМ посочуваат дека е недозволиво вработените во јавниот сектор да немаат право на регрес за годишен одмор како нивните колеги и колешки во приватниот сектор.
-Недозволиво е да биде погазено работничкото достоинство и правото на пристојно работно време како цивилилзациска придобивка, со воведување на 60 часовна работна недела заради исполнување на желбите на газди, функционери и поединци, велат од ССМ и додаваат дека синдикалците се денес, на 1 мај ќе бидат и во наредниот период ќе излегуваат на улица на протест да го изразат работничкото незадоволство, а работниците и граѓаните заедно со нив потребно е да го изразат нивното незадоволство.
Од ССМ најавуваат дека протестот започнува на 1 мај 2023 година во 12:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје.
-Борбата е заедничка на сите, излези со работниците денес, зошто утре ќе биде доцна! Да живее достоинството на трудот! Заедно сите, се наведува во соопштението од Сојузот на синдикатите на Македонија.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
