-->
-->
ССКЦ го стави најавениот протест во мирување, постигнат договор со Владата
-->
– Самостојниот синдикат на Клинички центар (ССКЦ) денеска постигна договор со Владата, со што утрешниот најавен протест се става во мирување, потврди во изјава за МИА, потпретседателот на ССКЦ Предраг Серафимовски, нагласувајќи дека владината понуда е во согласност со нивните барања и поради тоа е донесена одлука да не протестираат.
– Денеска одржавме состанок со претседателите на 56 синдикални организации, со околу 5.000 членови од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На наше инсистирање присуствуваа и министерот за здравство Беким Сали и заменикот министер Владимир Рендевски и пред Советот ја презентираа одлуката, вели Серафимовски.
Попладнево пред Влада ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде соопштена донесената одлука.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври
-
МНР: Нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан
-
На 4 октомври застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“