ССК: Намалените казни за компаниите ќе ги подобрат условите за работа

Усвоените измени на законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, со кои се намалуват казните за компаниите, ќе ги подобрат условите за работа, оцени денеска Сојузот на стопански комори.
Иницијативата на ССК за намалување на казните кои беа закана за опстојувањето на бизнисите, соопштува ССК, е дел од мерките за унапредување на деловното опкружување доставени до Владата на Република Македонија во 2013 година.
- Со измените во Законот за прекршоци, покрај промените во намалување на глобите се предвидува и воведување можност за опомена со што се остава простор за едукација на стопанствениците кои недоволно ја познаваат регулативата во насока на отстранување на недостатоците. Веруваме дека измените на Законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, што ги донесе Собранието со двотретинско мнозинство, во многу елементи ќе ги подобрат условите за работа на стопанските субјекти, изјави Данела Арсовска, претседател на ССК.
Со воведување на принципот на нивелирање на санкциите согласно економската моќ на субјектите, како вкупни приходи, број на вработени, како и примена на информативна, едукативна, па дури потоа санкциона функција ССК сметаат дека во голема мера компаниите ќе чувствуваат помал притисок при спроведување на одредени законски процедури.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
