ССК: Легализирањето на дивоградбите е амнестирање на кривично дело
Дивоградбите се кривично дело, а нивното легализирање значи амнестија, реагира денеска Градежната комора од Сојузот на стопански комори (ССК).
Според Комората, бесправното нелегално градење не само што фрла црна дамка врз градежниот сектор во земјава, туку и уште повеќе ја поттикнува сивата економија која ионака зема силен зaмав.
-Се што е дивоградба е кривично дело и треба да биде санкционирано со затвор, дециден е претседателот на Комората, Ивица Јаќимовски, кој денеска на прес-конференција укажа на потребата од јавна дебата за надминување на овој проблем.
Не може, смета Јаќимовски, градоначалниците да не знаат што се гради кај нив. Воедно тврди дека ниту една регистрирана градежна компанија не гради бесправно и дека дивоградбите се всушност дела на индивидуалци или евентуално фирми регистрирани за сосема друга дејност.
-Нема градежна фирма што гради на диво зашто тоа е кривично дело. Се што е бесправно изградено, што е дивоградба, е кривично дело. Со носењето на Законот за легализација се легализира нешто што е бесправно изградено. Државата нуди можност да се легализираат објекти во кои учествувале индивидуи. Всушност, со тоа само се потврдува дека станува збор за дивоградба, а не за градежништво. Не е можно регистрирана градежна компанија да изгради див објект. Во дивоградби не учествува ниту една компанија или инвеститор што е член на нашата Комора, рече Јаќимовски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со легализацијата на дивоградбите што ја најавува власта.
Во врска со трендот на купување станови, претседателот на Градежната комора наведе дека дека се што е квалитетно се продава.
Ново на Сител
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев