Свет
23. May 2016 - 8:39

ССА и даде 48-часовен ултиматум на сириската владина војска да ја прекине офанзивата кај Дамаск

Слободната сириска војска (ССА), составена од различни сириски бунтовнички групи, соопшто вчера дека повеќе нема да се придржува на договорот за „запирање на огнот“, доколку сириската владина војска не ја прекине офанзивата против нејзините позициите во Дамаск, јавува БТА. 

Имено, ССА која е распространета на многу позиции, и потпишана од страна на речиси 40 бунтовнички групи, дејствува во цела Сирија. 

Во соопштението на ССА се наведува дека сопирањето на огнот ќе се гледа како „целосно пропаднат“, ако масовната офанзива на сириската војска и нејзините сојузници не биде прекината во рок од два дена.