-->
-->
Српскиот ватерполист Раѓен користел кокаин
-->

Никола Раѓен доби четиргодишна суспензија поради употреба на кокаин, потврди Ватерполо сојузот на Србија (ВСС).
Како што наведе ВСС на својата интернет страница, Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) ја изрекла четиргодишната суспензија. Раѓен има рок од 21 ден да ја обжали одлуката на ФИНА.
Поранешниот играч на Партизан и Црвена ѕвезда, и на репрезентативец на Србија, на допинг контролата ‘падна’ по натпреварот меѓу репрезентациите на Србија и Шпанија.
Раѓен (30) за српската репрезентација има одиграно 180 натпревари и во својата колекција има златни медали од Европските првенства во Ајндховен (2012) и Белград (2014), Светското првенство во Рим (2009) и пет трофеи во Светската лига.
Исто така, има освоено две бронзи на ОИ во Пекинг (2008) и Лондон (2012)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжува чудната комуникација меѓу власта и опозицијата
-

Мицкоски - за 8 години има 6000 помалку новороденчиња или 6 км празни училници
-

Ѕид на срамот
-

Куче починало по престој во пансион – сомнежи за зараза со парвовироза, АХВ на терен
-

Преглед на вестите од светот
-

Родители на жртвите сведочат на судењето за Кочани
-

Новиот Закон за Судски совет денеска пред пратениците
-

Левица со предлог Закон - Да нема отказ при бременост
