Продолжува чудната комуникација меѓу власта и опозицијата
Опозицијата ги брои хигиеничарките во Пошти, власта го бара Филипче во Дубаи. Продолжува чудниот начин на комуникација меѓу двете најголеми партии во земјава.
Откако вчера СДСМ објави дека фирма во сопственост на општински советник од ЗНАМ добила тендер за чистење во пошта денеска тврдат, свиркачи им кажале дека фалат 14 хигиеничарки.
Оваа тема доминираше во вкупно 5 од 8 соопштенија кои СДСМ ги објави од утрово до 14 часот попладне.
Две се дел од нивната расправа со новинари а во последното бараат власта да објави слика од Филипче во Дубаи.
ВМРО-ДПМНЕ ја објави сликата која вчера се појави во социјалните мрежи и побара Обвинителството да испита со кои пари Филипче купил златна виза во Дубаи.
Безмалку месец дена комуникацијата меѓу власта и опозицијата е сведена на исклучително ниско ниво.
Опозицијата се обидува да ја убеди јавноста дека Мицкоски има план да увезува мигранти за пари а Премиерот тврди дека СДСМ станале Левица од Али експрес.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
