-->
-->
Српскиот милијардер Шолак го купи Саутемптон
-->
Англискиот фудбалски прволигаш Саутемптон премина во рацете на српскиот милијардер Драган Шолак, кој е сопственик на телекомуникациската компанија Јунајтед груп, на чело на инвестициската групација Спорт Република.
Англиските медиуми јавија дека Спорт Република за 100 милиони фунти купил 80 отсто од акциите од кинескиот бизнисмен Гао Јишенг, кој беше сопственик на Саутемптон од август 2017 година.
Ова е трета голема инвестиција во клуб од Премиер лигата во последните три месеци, откако чешкиот милијардер Даниел Кретински купи 27 отсто од акциите на Вест Хем во ноември, додека саудиски конзорциум ја презеде сопственоста во Њукасл во октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини