Српски политичар во Косово приведен поради нерегистрирано возило и одбивање на полициска наредба
Политичарот од редовите на српската етничка заедница во Косово, претседателот на новоформираната партија Српска демократија, Александар Арсениејвиќ е приведен денеска накратко од страна на косовската полиција во полициската станица во Звечане во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Информацијата, придружувана со краток видео запис од приведувањето, ја објави самиот Арсенијевиќ, а во изјава за агенцијата КосоваПрес ја потврди и заменикот директор на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.
„Српскиот политичар и пропагатор“, како што го нарекува приштинската новинска агенција, е приведен затоа што возел нерегистрирано возило и не се повинувал на полициска наредба.
– Го приведовме во полициска станица, каде што му се врачени две казни – една за неспроведување на наредбата на полицаецот и втората за немање регистрација на возилото. Одземени му се регистерските таблички и тој е пуштен на слобода, изјави Елшани.
Српска демократија (СД) го оцени апсењето на нејзиниот лидер како политички притисок врз партијата и најави кривични пријави против одговорните.
– Незаконско апсење на претседателот на СД во Звечане. Ова е политички притисок врз нашата партија само 24 часа по нејзината регистрација во Централната изборна комисија (на Косово). Ќе поднесем кривични против одговорните лица, се вели во објавата на СД.
Ново на Сител
-
Српскaта полиција: На протестите во Белград 107.000 луѓе
-
Стоилковиќ кон Костовски: Ве напумпавме на избори, да не сакате и некое друго пумпање?
-
52-годишна жена пронајдена мртва во својот стан во Гази Баба
-
Лице пукало кон малолетник на Бит Пазар
-
Реки народ од сите страни на протестот во центарот на Белград
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти