Стоилковиќ кон Костовски: Ве напумпавме на избори, да не сакате и некое друго пумпање?
Организацискиот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Мартин Костовски, на својот Фејсбук-профил објави порака „Пумпај“, слоган што секојдневно се користи на студентските протести во Србија. Со тоа, Костовски им изрази поддршка на студентите пред денешните големи протести во Белград.
Зборот „пумпај“ одекнуваше на сите досегашни протести во Србија. Со тоа, стана вирален лајтмотив.
По објавата на секретарот на СДСМ, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, направи принтскрин од статусот на Костовски и го сподели на неговиот приватен фејсбук-профил со коментар: Напумпамо ве на избори. Да не сакате и неко друго пумпање? Затвори чекав …, пишува Стоилковиќ.
СДСМ преку писмено соопштение најостро ги осуди ваквите , како што велат, „шокантните навреди од вицепремиерот на Мицкоски, Иван Стоилковиќ кон организациоскиот секретар на СДСМ, Мартин Костовоски на Фејсбук“.
-Пораката кон Мартин Костовски од страна на Стоилковиќ и прашање дали сакал да го „напумпа“, е скандал и демонстрација на врвен простотилук од страна на високиот владин функционер. Ова ниско ниво на комуникација и закани на вицепремиерот е доказ за безобразието и злобата на претставниците на власта која се демонстрира кон опозцијата. СДСМ бара итно оставка од Стоилковиќ по овој скандал, доколку самиот не се повлече Мицкоски мора веднаш да го разреши. Го прашуваме Мицкоски дали тој се согласува со ваквата изјава на Стоилковиќ и дали ја оправдува? Дали ова е новото нормално во комуникацијата на владините функционери и дали овие закани и навреди стануваат секојдневна пракса? Срамно, ниско и недозволиво. СДСМ му дава целосна поддршка на Костовски, за оваа навреда и закана ќе поднесеме претставки до институциите, стои во реакцијата на СДСМ.
Во Белград денеска се одржува масовен протест на студенти и граѓани од целата држава, што се смета за кулминација на три и пол месечните демонстрации на кои се бара одговорност за загинувањето на 15 лица при уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад и поправедно и подобро општество без корупција и без политички притисок и влијание на институциите.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка