Српски политичар објавува слики од истрагата за убиството на Вања | ФОТО
Српскиот политичар, Срѓан Ного, објави две фотографии од "цитроенот" кој беше користен за грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а кои го потврдуваат она што дел од медиумите веќе го пишуваа во врска со истрагата за овој случај.
На едната фотографија, која е наводно фотографирана на денот на убиството, се гледа само возилото. На втората се гледа и лик кој го управува автомобилот, а кој наликува на убиениот Панче Жежовски, па претпоставката на српскиот политичар е дека оваа фотографија е направена пред неговото убивање, односно и пред денот на грабнувањето на малата Вања.
Ного најавува дека утре на неговите канали на социјалните мрежи ќе ги објави сите снимки со кои располага, како и детали за тоа кој и како го решил случајот со двојното убиство.
Доколку се работи за снимки и записи од истрагата кои се релевантни и вистинити, се поставува прашањето како е можно тие да стасаат во рацете на овој српски политичар.
Од обвинителството велат дека нема опасност овие објави да ја загрозат истрагата за случајот.
- Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини, не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти. Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки, треба да размислат за етичноста на ваквите објави и вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите, стои во соопштение од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето