Српски медиуми: Историски договор меѓу Атина и Скопје

Под наслови „За историја: потпишан договор!“, „Република Северна Македонија – историски договор меѓу Атина и Скопје“, „Историски момент: Грција и Македонија потпишаа договор за името“ , „Потпис на грчка, здравица на македонска страна“, електронските изданија на српските медкуми денеска јавуваат за пoтпишувањето на договорт за името.
Покрај вообичаниете податоци за тоа кој присуствувал на потпишувањето, српските медиуми цитираат и делови од говорот на премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
- Горди сме на овој наш договор. Горди сме затоа што се обединуваме околу решавање на спорот кој не делеше и што избравме решение кое не обединува. Со потпишувањето на конечниот договор за решавање на прашањето за името и за стратешко партнерство на нашите две земји – поместивме планини, го цитираат Заев српските медиуми.
Ципрас, од своја страна, средбата во Песпа ја окарактеризира како „историски состанок“.
- Денеска се наоѓаме овде гледајќи и во очи на историјата на нашите народи. Се наоѓаме овде и за ние двајца да ја извршиме нашата патриотска должност, истакна Ципрас.
Српските медиуми уште јавуваат дека за време на потпишувањето на договорот во близина на Псарадес биле одржани протести.
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
