Српски форезничар откри што се случувало со телото на Матеј Периш
Хрватот Матеј Периш исчезна пред пет месеци на 31 декември во Белград, а вчера беше извлечено едно тело од Дунав, по што се појави сомнеж дека тоа е младото момче затоа што има иста облека на безживотното тело кое беше пронајдено.
-Неговото тело беше извлечено неколку километри од наводното место на исчезнување, а тоа отвори и многу дилеми во јавноста. Едно што е сигурно е дека телото било заглавено на нешто во реката во текот на овие месеци кога се трагаше за него. После два месеци телото доживува сапонификација, односно собирање на кожата (солта се собира во површината на кожата), тоа значи дека од надвор телото е зачувано, но внатрешните органи започнуваат да скапуваат. Во организмот се собираат бактерии и телото станува како балон, а со зголемувањето на температурите овие денови истото испливува на површина, објаснува српскиот форензичар Ристиќ.
Форензичарот кажа дека обдукцијата треба да потврди дали пиел алкохол или конзумирал нешто друго, иако помина многу време.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер