Српски „Блиц“: ОТФРЛЕТЕ ЈА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА – Нови протести на иницијативата „За заедничка Македонија“
Поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“ и вчера вечер се собраа во Скопје, уште еднаш повторувајќи да се отфрли Тиранската платформа и да се одрбани унитарниот статус на Македонија, пишува Блиц.рс.
Учесниците на собирот се движеа по познатата маршута, од Владата до Собранието, пеејќи патриотски песни и веејќи со македонски знамиња, јавува Миа, пишува Блиц.
Поддржувачите на иницијативата се собраа пред Собранието додека во тек беше состанокот на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и тројца европратеници со политичките лидери во Македонија.
Учесниците изразија благодарност до претседателот Ѓорге Иванов кој одлучи да нема средба со Хан, пишува во текстот.
-Иванов не е човек со свиткана кичма нема да даде мандат на политичари кои не сакаат да се откажат од странска платформа, изјави еден од членовите на иницијативата Богдан Илиевски.
Тој додаде дека е време Хан да ги слушне аргументите поради кои македонскиот народ протестира повеќе од 20 дена.
Слични собири на граѓанската иницијатива беа организирани и во многу други градови ширум Македонија, завршува текстот на Блиц.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот