Српски автобус со 55 патници се преврте во Унгарија
Автобус со српски регистерски таблички во саботата рано наутро паднал во канал меѓу Кишкунхалаш и Пирт во Унгарија. Во возилото патувале 55 лица, двајца возачи, а меѓу сопатниците имало и две деца, јави дописникот на МИА од Белград.
Дванаесет лица се префрлени во болница, соопшти полицискиот штаб на областа Бач-Кишкун, пренесе сајтот Police.hu. Останатите патници биле пренесени во Домот на месната заедница во Кишкунхалаш, каде го чекале автобусот за помош кој дошол да ги земе од Србија.
Ненад Челиќ, преставник на превозникот од Сомбор, изјави дека меѓу патниците нема посериозно повредени, во болницата во Кишунхалаш биле прегледани 15 патници и сите се оздравени, а две жени и еден возач останале во болница на опсервација во следните два дена.
Автобусот, додава тој, поминал на технички преглед, бил регистриран пред еден месец и бил целосно исправен.
Според него, камион од спротивната страна преминал на лентатат по која сообраќал автобусот и возачот за да го избегне морал да ја зафати банкината од десната страна.
-Тој едноставно ја изгуби контролата и не можеше тоа да го исправи, толку многу што се преврте на спротивната страна, изјави Челиќ.
Најголем дел од патниците, додава тој, го продолжиле патувањето до Будимпешта, каде што пристигнале со друг автобус, а десет патници се вратиле во Србија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
