Српски актер обвинет за обљуба на малолетник
Основното јавно обвинителство во Сомбор започна постапка против српскиот актер Горан Јевтиќ (37) под сомнение дека минатата година силувал малолетник во тој град, пренесува агенција „Танјуг“.
Јевтиќ се гони за две кривични дела: обљуба врз немоќно лице, за кое е предвидена казна од две до десет години, како и за кривично дело недозволени полови дејствија, за кое може да заработи парична казна или затвор до три години.
Против Јетвиќ на крајот на минатата година е поднесена приватна кривична пријава за наводна обљуба над 14-годишнен малолетник, од страна на родителите на момчето.
Актерот има богата кариера зад себе, но македонската јавност го памети по улогите во „Парада“, каде играше и Тони Михајловски, како и филмот на Анџелина Џоли, „Во земјата на крв и мед“.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото