-->
-->
Српски адвокати ќе ја поднесат првата тужба за отштета од НАТО во име на болни од рак
-->
Адвокатска канцеларија од Ниш ќе ја поднесе првата тужба за надомест на штета против Северноатлантската алијанса (НАТО), во име на пациентите со рак, како последица на бомбардирањето на Србија со осиромашен ураниум во 1999 година, јави Танјуг.
Првата тужба ќе биде поднесена до Високиот суд во Белград, изјави адвокатот Срѓан Алексиќ за Танјуг.
Потоа, следуваат други тужби пред судовите во Врање, Ниш, Крагуевац и Нови Сад.
Во тужбата ќе се бара отштета поради заболување од карцином по труење со осиромашен ураниум на специфични клиенти, главно војници, полицајци или воени резервисти, кои беа во Косово или јужна Србија во 1999 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
-
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел
-
Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан
-
Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во наредните месеци и нејзино сведување на 2 - 3 отсто следната година
-
Приведени двајца турски државјани, предизвикале пожар во Горно Нерези
-
Приведен возач на патот Гостивар-Кичево, престигнувал колона возила во непрегледна кривина
-
Околу 200 000 граѓани вадат документи онлајн, на uslugi.gov.mk се издаваат по 13.200 месечно
-
Над 100.000 гости на штипската ,,Пастрамалијада"