Српската Влада го зголеми полицискиот час за Први мај, ќе заседава и Собранието
Српската Влада соопшти дека забраната за движење за првомајските празници ќе трае од четврток, 30 април од 18 часот до понеделник, 4 мај до пет часот.
Владата ја донесе оваа мерка поради приближувањето на првомајските празници, со цел да ги намали социјалните контакти на минимум.
Како што соопштија од Владата, граѓаните на возраст над 65 години ќе можат секој ден да излезат на еден час прошетка помеѓу 18 часот и 1 часот по полноќ, најмногу 600 метри од местото на живеење, додека продавниците за нив ќе бидат отворени во четврток од 16 до 19 часот.
Во соопштенеито се додава дека Владата до Народното собрание ја испратила одлуката за прогласување на вонредната состојба, како и сите уредби со правна сила донесени од Владата со потпис на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.
Претседателката на српскиот парламент, Маја Гојковиќ, утрово изјави дека на претстојната собраниска седница закажана за вторник, ќе се расправа само за точките на дневниот ред.
Таа кажа дека седницата ќе биде под посебни услови во однос на здравствените аспекти, во согласност со препораките на здравствените работници и дека ќе се земат предвид сите детали.
– Мерките што се во сила во државата, бидејќи вонредната состојба не е укината, ќе бидат во сила, а тоа се мерење на температурата, добивање на заштитна опрема, маски и раквици, растојание за пратениците, седење преку секое второ место, истакна Гојковиќ.
Според неа, тоа ќе биде пример за сите парламенти како да заседаваат во вакви ситуации.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово