Балкан
20. April 2020 - 15:26

Српската Влада ги ублажи вонредните мерки за пандемијата со Ковид-19

Српската Влада на денешната седница во согласност со епидемиолошката состојба и мислењето на струката, донесе одлуки за ублажување на одредени мерки во однос на спречувањето на ширењето на вирусот Ковид-19.

Со новите мерки граѓаните постари од 65 години, кои досега само еднаш неделно можеа да излезат од домовите, од утре тоа ќе можат да го прават три пати неделно, во вторник, в петок и в недела, помеѓу 18 часот и еден часот по полноќ ќе можат да излезат на прошетка на половина час, најмногу шестотини метри од местото на живеење.

Почнувајќи од вторник, 21 април, се дозволува работа на работодавачите од областа на пружање на услуги, како што се автомеханичарски и вулканизерски дејности, чевлари, кројачи, хемиско чистење, училиштата за обука на возачи, како и на работодавачите од областа на трговијата на мало – книжарници, трговци со моторни возила, велосипеди, наутички и технички стоки, градежни материјали.

Од утре се отвараат и зелените пазари (на отворен и затворен простор) со задолжителна примена на сите мерки на заштита.

Владата ги повика од утре, 21 април и работодавачите од областа на градежништвото (високоградбата и носкограбата) да продолжат со работа во полн капацитет. Сите тие се должни на работниците да им обезбедат заштитна опрема (маски, нараквици и средства за дезинфекција), а работата мора да се одвива со почитување на физичка дистанца. Од работодавците се бара да изготват посебен план на мерки за време на вонредната состојба, а вработените се обврзани тоа да го почитуваат.

Оние кои сè уште не можат да ја продолжат својата работа се објектите чијашто работа вклучува собирање голем број на луѓе, како што се продавниците лоцирани во трговски центри. Исто така, сè уште не е дозволена работата на оние активности кои вклучуваат близок физички контакт, така што фризерските салони, салоните за убавина, вежбалниците и фитнес центрите и понатаму остануваат затворени.

Во соопштенето на Владата се потенцира дека работата во објектите на кои од утре им се дозволува работата, таа може да се одвива само со почитување на сите мерки на заштита и употреба на средствата за дезинфекција и заштитната опрема – маски и нараквици.