Српската Влада донесе нови мерки – угостителските објекти ќе работат до 18 часот, забрана за јавни собири

Српската Влада, поради влошување на состојбата со епидемијата на коронавирус, денеска донесе седум нови мерки кои ќе се применуваат од вторник, јави дописникот на МИА од Белград.
Новите противепидемиски мерки се однесуваат на намалување на работното време до 18 часот за ресторани, кафулиња, барови, клубови, обложувалници и трговски центри; задолжителна употреба на опрема за лична заштита (носење заштитна маска) во затворен простор, како и на отворено во оние ситуации кога не може да се избегнат контакти; забрана за сите јавни собири со присуство на повеќе од пет лица.
Исклучени од оваа мерка се работни организации, училишта, продавници, трговски центри и слични објекти, кои подлежат на пропишаниот лимит за бројот на присутни лица во секое време во однос на квадратурата на објектот (минимум четири квадратни метри по лице).
Исто така треба да се овозможи работа од дома на сите вработени чиј што работен процес го дозволува тоа.
Пропишана е строга контрола на обврската за носење заштитна маска во јавниот превоз, со ограничување на максималниот број патници во возилото до половина од декларираниот капацитет на возилото.
Исто така ќе има и строга контрола на спроведувањето на домашната изолација, домашниот карантин (самоизолација), како и сите други анти-епидемиски мерки што се на сила.
Српската Влада наведува дека мерките се ограничени на период од 10 дена и ќе бидат преиспитани во согласност со моменталната епидемиолошка состојба.
„Владата исто така ја користи оваа можност уште еднаш да побара и силно да апелира до сите граѓани да се однесуваат одговорно кон себе и кон другите сограѓани. Сите донесени мерки се насочени исклучиво на зачувување на вашиот живот и здравје”, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
