Српската листа ќе гласа за демаркацијата во замена за акции во Трепча, Пацоли демантира
Извор од кабинетот на претседателот на косовскиот Парламент соопшти дека Српска листа ќе прифати да гласа за Ратификацијата на Договорот за границата со Црна Гора ако Приштина се согласи Белград да стане акционер на косовскиот металуршки комбинат Трепча.
Според истиот извор тоа или кое и да е друго условување е целосно неприфатливо за претседателот на парламентот Кадри Весели, кој во никој случај нема да прифати да преговара со Српска листа во врска со демаркацијата на границата со Црна Гора, која е потпишана во 2015 година.
Веднаш по информацијата за условувањето на Српската листа за да гласа за договорот, заменик-претседателот на косовската Влада и министерот за надворешни работи Беџет Пацоли изјави дека Српската листа ќе гласа за ратификација на Договорот за демаркација со Црна Гора и тоа без никакви услови.
Пацоли, на овој начин, ги демантираше информациите од Кабинетот на претседателот на парламентот, Весели, дека Српската листа ја условува Ратификацијата на демаркацијата со акциите на Трепча.
Инаку, ратификацијата е услов за визната либерализација за патување на косовските граѓани во ЕУ.
Владејачката коалиција трипати неуспешно се обидува да собере мнозинство за гласање.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство