Српската црква во Косово го одби барањето на Курти да го посети манастирот во Дечане
Рашко-призренската епархија, како седиште на Српската православна црква (СПЦ) во Косово, денеска го одби барањето на косовскиот премиер Албин Курти, упатено до игуменот на манастирот Високо Дечане, отец Сава Јањиќ, да го посети тоа првославно светилиште, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во соопштението на епархијата, по вчерашното писмо на Курти до Јањиќ, се вели дека „без претходно почитување на судските одлуки и владеење на правото, сосема е бесмислено да се одговара на такви писма“.
Епархијата, се вели во соопштението, „останува на својот порано јасно изложен став дека ако албанските косовски институции сакаат да покажат минимум добра волја за почитување на верските права на СПЦ во Косово, должни се во целост да ги исполнат одлуките на Уставниот суд на Косово од 2016 година за признавање на манастирскиот имот“.
– Таа одлука веќе пет години упорно се игнорира наспроти барањата за нејзино спроведување од страна на манастирот и меѓународните претставници. Покрај тоа, министерот за просторно планирање од владата на г. Курти јавно ја отфрли одлуката на Комисијата за специјално заштитени зони од ноември 2020 година за изградба на обиколница околу заштитената зона на манастирот. Во ваква ситуација одговарањето на такви писма, без претходно почитување на судските одлуки и владеење на правото,сосема е беспредметно, порача Епархијата.
Писмото уследи еден ден откако министерот за култура, млади и спорт на Косово, Хајрула Чеку го објави писмото на премиерот Албин Курти до отец Сава Јањиќ, во кое изрази желба да го посети манастирот и со игуменот, архимандритот Сава, да разговара за прашања „од заеднички интерес“.
Српските медиуми, во Косово и Србија, потсетуваат и дека Курти му пиша на игуменот во истата недела во која, заедно со претседателката на државата, Вјоса Османи и собранискиот спикер Глаук Коњуфца, се обрати до УНЕСКО со барање четири православни манастири во Косово, меѓу кои и Високо Дечане, да се симнат од листата на загрозени споменици и, наместо Србија, како одговорна држава за тој манастир да се заведе Косово.
– Во јавноста, меѓутоа, не делува дека двете страни имаат заеднички интерес, но имаат прашања од заеднички интерес, околу кои имаат дијаметрално спротивставени ставови, коментира косовскиот портал на српски јазик „Коссев“.
Ново на Сител
-
Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
-
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светска банка
-
Кривична пријава за сопственик и за правно лице за „даночно затајување“
-
Изгаснат пожарот во Ајфелова кула - Евакуирани над 1200 лица | ВИДЕО
-
Укинати забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка - ГП „Деве Баир“ и Кратово - Пробиштип
-
Со пренамена на средства до бесплатен автобуски превоз за студенти во 2025 година
-
Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 23 јануари, Кривичен ќе одлучува по барањето за амнестија
-
20-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат