Фудбал
27. October 2016 - 10:39

„Српска посла“: Од ЛШ делегиран во 4. лига

Најдобриот српски судија Милорад Мажиќ е делегиран да суди натпревар од Зонската лига на Белград помеѓу Јединство(Сурчин) и Борац (Остружница).

Во ФС на Србија велат дека со овој потег сакаат да го популаризираат фудбалот и во наредните мечеви ќе ги делегираат и останатите судии од елитната листа. 
Интересно е што Мажиќ пред неколку дена го судеше дербито во ЛШ помеѓу Барселона и Манчестер Сити и е многу ценет судија во УЕФА и ФИФА. 
Најдобриот српски судија го судеше финалето на Суперкупот на УЕФА помеѓу Реал и Севиља а беше и кандидат да го суди и финалето на ЕП во Франција.