„Српска листа“ издејствува уште едно министерско место во косовската Влада
Во новата косовска Влада, партијата „Српска листа“ ќе има три министерски места.
Ова е договорено доцна синоќа на неколкучасовната средба на коалицијата ПАН (Демократска партија, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово) и Алијанса за Ново Косово (АКР), со претставниците на „Српска листа“, на која АКР се откажала од Министерството за земјоделство, кое сега ќе го раководи кадар на „Српска листа“.
Оваа партија ќе ги раководи и Министертвото за враќање и заедниците и Министерството за локална самоуправа, додека Министерството за јавна администрација е доделено на турската партија, која има три пратенци и е дел од парламентарната група на немнозинските етнички заедници.
Исто така, АКР и Иницијатва за Косово се откажале и од вицепремиерските места и тие ќе им бидат дадени на малцинствата.
Според медиумите, на ова албанските партии биле условени, затоа што го немаат доволниот број гласови во Парламентот, во кој Србите имаат загарантирани десет пратенички места, од нив девет се на „Српска листа“ и десет загарантирани места се на останатите немнозински етнички заедници.
Инаку, лидерот на Алијансата за иднината на Косово и мандатар, Рамуш Харадинај, најави дека земјата до крајот на неделава ќе добие нова влада.
Ново на Сител
-
Израел: Хамас е поразен „секаде каде што се боревме против него“
-
Мерц најави помош од 29 милиони евра за Појасот Газа
-
МП: Венецијанската комисија даде позитивно мислење за предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители
-
ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори
-
Коцевски со писмо до комората бара адвокатите да не го злоупотребуваат предметот Пулс
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата
-
Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови
-
Битолчанка измамена за 27.000 евра со веќе познатата измама за наводна „сообраќајна несреќа“