Средношколци во Тетово ја бојкотираа наставата од далечина, сакаат да одат во училиштата
Дел од средношколците од повеќе средни училишта од наставата по албански јазик се собраа пред гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово околу 13.30 часот и со тоа ја бојкотираа наставата од далечина. Тие сметаат дека треба да се оди на училиште и рекоа дека нема да учествуваат на наставата преку интернет и наредните денови.
-Ние сме од гимназија, не сме против некого, но сакаме да одиме на училиште. Ние никогаш не сме се изјасниле дека сакаме да имаме онлајн настава. Само сакаме да бидеме на училиште, како што си имаат сите права на образование. Ако има по 200-300 луѓе кои чекаат пред банките и внатре, нас не има само 100 во генерација кои можеме да бидеме на настава. Ако треба онлајн настава треба да купуваме компјутери и телефони, работи кои се потребни, а држава не ги дава, изјави Енес Асани, ученик во трета година во гимназијата„Кирил Пејчиновиќ“.
Во селото Долна Лешница, општина Желино родилите на ученици од наставата од прво до трето одделение, пак не ги пуштија децата на настава поради несоодветни услови. Тие бараат обнова на подрачниот објект во рамки на централното училиште „Луиѓ Гуракучи“.
-Зградата е монтажен објект од 1976 година, а покривот е од канцерогени азбестни плочки. Без ново училиште нема да ги испраќаме децата на училиште, општината нашето барање не го има земено во предвид, истакнаа родителите.
Инаку, во рамки на општина Тетово, според податоците на секторот за јавни дејности на училиште започнаа да одат 3 400 ученици од прво до трето одделение. Општина Тетово брои 9 850 основци и 6 300 средношколци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување