Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
Продолжениот викенд повторно ја зголеми фреквенцијата на граничните премини. Голем број македонски граѓани слободните денови за Духовден одлучија да ги поминат надвор од држвата. Вообичаено, најмногу се патува кон туристичките центри во соседна Грција.
Ова го потврдуваат и бројките од најголемиот граничен премин Богородица каде за 24 часа на излез биле регистрирани околу 19 илјади патници кои од Македонија се упатиле кон јужниот сосед. Од нив близу 12 илјади се македонски државјани.
Зголемена фреквенција е забележана и на северната граница. На граничниот премин Блаце последното деноноќие во двата правци, на влез и излез од државата биле евидентирани над 18 800 патници.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во функција се ставени ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, притоа запазувајќи ги сите пропишани гранични проверки и безбедносни процедури.
-
Зoран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар