-->
-->
Среде бел ден му влегол во двор, го запалил автомобилот и заминал - тешка кражба во скопско Влае
-->
Украден автомобил во скопско Влае, полицијата трага по крадецот. Како што информираат од полицијата, вчера околу 20 часот во Полициската станица Карпош, С.Д. (52) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 14,15 до 17,30 часот во дворот од куќата на улицата „Франце Прешерн“ од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Југо Флорида“ со скопски регистарски таблици.
Сторителот влегол во возилото, кое било незаклучено и со клуч на баравата, го стартувал и заминал од местото на настанот. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 60.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава