Средби на Пендаровски со Мицотакис, Емие и Лагард во Давос
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Давос оствари кратки средби со премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис, со директорот на француската генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ), Бернар Емие и со претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.
-Претседателот Пендаровски и грчкиот премиер Мицотакис изразија подготвеност за натамошно унапредување на билатералните односи. Соговорниците разменија мислења и за перспективите на Северна Македонија во однос на евроинтеграциските процеси и актуелните предизвици со кои се соочува регионот од безбедносен и економски аспект, соопшти кабинетот на претседателот.
На средбата со Бернар Емие, како што е наведено во соопштението, биле разменети мислења за руската воена агресија во Украина, актуелните состојби во регионот на Југоисточна Европа, како и за перспективите за членство на земјите од регионот во Европската Унија. Со оглед на актуелните безбедносни предизвици и потенцијални ризици, претседателот Пендаровски ја нотирал важноста од интензивирање на соработката меѓу безбедносните агенции на земјите-членки на НАТО.
Во разговорот со Кристин Лагард, биле разменети мислења за глобалните економски текови и мерките кои се преземаат со цел ублажување на финансиските последици од војната во Украина. Во таа насока било разговарано за ефектите на монетарната политика на ЕЦБ врз македонската економија и економиите во нашиот регион.
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
