Средби на Османи со Хофрајтер и Плотнер во Берлин
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија, денеска во Берлин се сретна со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања во Бундестагот, со кого разговарале за нашето европско досие и потребата од итна деблокада на нашите евроинтеграции како геостратешка инвестиција на Унијата.
-Со отворањето на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија, ЕУ ќе ја демонстрира својата зацртана улога на геостратешки играч и ќе го потврди проширувањето како корисна алатка на нејзината надворешна и безбедносна политика, наведува Османи на неговиот официјален фејсбук статус.
Османи во Берлин треба да има средби и со државната министерка надлежна за Европа, Ана Лирман,а во германскиот Бундестаг ќе се сретне со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи.
Од Берлин, министерот Османи утре ќе отпатува за Софија.
Ново на Сител
-
Шанса за нов живот за прилепскиот уметник Златко Крстески по објавената социјална сторија на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов