Средби на македонски и италијански компании за обработка на камен
Во Скопје денеска ќе се одржи презентација на италијанската технологија за екстракција и обработка на камен и тет - а- тет средби меѓу шест водечки италијански производители на опрема за ископ на мермер, малтер за демолирање, машини за обработка на мермер, средства за одржување, заштита и конзервирање на порозни материјали, постројки за прочистување и и рециклирање на водата по обработка на камен и консултантски услуги и 30-тина македонски компании од секторот екстракција и преработка на камен.
Предвидено во рамки на настанот, организиран од Агенцијата ИЧЕ- Одделот за промоција на економската соработка при Амбасадата на Република Италија, во соработка со Здружението на италијанските производители на опрема за екстракција и обработка на камен и Секторот за искористување на минерални суровини при Министерството за економија, да се остварат 80 тет-а-тет средби со италијанските компании.
Воедно ќе бидат презентирани и можностите за финансирање на инвестиции во индустријата за екстракција и преработка на камен преку Агенцијата ИПРАД која обезбедува финансиска поддршка по принцип на ко-финансирање на реализирани инвестиции во максимален износ од 1,5 милион евра по проект (максимум 65 отсто од вредноста на проектот). Финансирањето е предвидено за микро и мали компании од секторот неметали, минерали и нивни суровини.
Предвидена е и презентација на кредитната линија од Европската инвестициона банка (ЕИБ) за поддршка на мали и средни претпијатија од страна на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР).
Според Државниот завод за статистика, во периодот од 2012 до 2016 година македонскиот извоз на мермер и гранит во странство е зголемен преку 30 отсто, а во 2016 година надмина 20 милиони евра. Преку 74 проценти од извозот на овој сектор отпаѓаат на мермер и травертин сечени во ленти до 4 сантиметри, а 12 проценти се однесуваат на обработен мермер.
Главен увозник на македонскиот мермер е Грција, каде завршува 50 отсто од овој производ по што следат Кина каде се извезува 16 проценти од македонскиот мермер и гранит и Италија со 7,8 проценти. Лани во Италија е извезен мермер во вредност од 1,5 милиони евра.
Во Македонија во последните пет години се увезени машини и опрема за екстракција и обработка на мермер во износ од 10,8 милиони евра, од кој најголем дел се машини за перфорација и екстракција и машински пили по што следат машини за брусење и полирање и дијамантски точила. Македонскиот увоз на технологија од Италија во овој сектор во последните две години двојно се зголеми достигнувајќи 1,1 милиони евра во 2016 година. Од Италија најмногу се увезуваат машински пили и дијамантски точила.
Со производство во вредност од 1,2 милијарди евра во 2016 година и извоз во вредност над милијарда евра, Италија е светски лидер во производството и извозот на технологија за екстракција и обработка на камен. Индустријата која е развиена во последните децении е резултат на илјадагодишната италијанска традиција во обработката на природен камен. Италијанската индустрија во овој сектор брои 282 компании и 7.350 вработени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето