Средба Заев – Сахакјан: Нашето партнерство продолжува
Премиерот Зоран Заев денеска во проштална средба ја прими постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во земјава, Нарине Сахакјан, на која ѝ изрази благодарност за личниот ангажман и поддршката при реализирањето на многубројни успешни заеднички проекти за време на нејзиниот мандат, информираат од Владата.
– Премиерот Заев потенцираше дека е особена важна поддршката на УНДП за успешно спроведување на планираните реформи во земјата, кои се важни за реализирање на нашите развојни приоритети и исполнување на евроинтегративниот процес, со крајна цел обезбедување на квалитетен живот на граѓаните, соопштуваат од Владата.
На средбата се разговарало и била истакната поддршката и соработката на УНДП во изработката на Националната стратегија за развој на земјата, при што било констатирано дека продолжува посветеноста и имплементацијата на документот: „Рамка за соработка на одржлив развој на Обединетите нации“ за периодот 2021-2025 година, како стратешка програмска рамка за активностите на Обединетите нации во нашата држава, во насока на постигнување на Целите за одржлив развој и Агендата 2030 на Обединетите нации.
– Поздравена е меѓусебната соработка и отвореноста на Владата и институциите за унапредување на соработката, особено во проекти за побрз и одржлив развој на економијата, соработка во обезбедувањето на зелено финансирање со кое ќе се зголемат инвестициите во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во приватниот и станбениот сектор, велат од Владата.
Соговорниците со задоволство констатирале дека соработката продолжува и УНДП останува да биде близок развоен партнер на Република Македонија во насока на остварување на националните приоритети, поддржувајќи ги процесите преку советодавна помош и механизми за ефикасност, јакнење и подобрување на капацитетите во сите приоритетни области.
Ново на Сител
-
Две лица загинаа во сообраќајка на магистралата Гостивар - Кичево
-
Законот за заемот од Унгарија на седница на Комисијата за финансирање и буџет
-
Брнабиќ: Курти сака војна
-
Трамп одби втора дебата со Харис
-
Облачно со локален пороен дожд и грмежи
-
Законот за заем од Унгарија утре на седница на Комисијата за финансирање и буџет
-
Во Словенија падна првиот снег
-
Почина Илија Андонов Ченто, синот на Методија Андонов Ченто