Македонија
12. September 2024 - 16:29

Законот за бранители и црквата во Врапчиште ги судрија власта и опозицијата

Смислено сценарио на СДСМ и ДУИ за предизвикување на меѓуетнички тензии велат од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди откако измените на Законот за бранители поднесените од Славјанка Петровска вчера тие влегоа во собраниска процедура.

Иако ВМРО-ДПМНЕ вчера даде поддршка измените да се најдат на дневен ред, денеска премиерот Мицкоски со став дека тие се дел од обидите на опозцијата за дестабилизација на државата.

Од колициската Вреди пак, се изречно против законот кој бил поднесен намерно од СДСМ во време на техничката влада на Џафери. Од вреди донесување на законот го условуваат со законско решение за припадниците на поранешната УЧК.

„Нема да дозволиме Собранието да стане арена на манипулации и поделби. Законите што имаат цел да го поделат албанскиот народ и да го одржуваат во живот корумпираниот систем немаат место во нашата агенда....Опозицискиот СДСМ уште еднаш покажа дека нема намера да гради заедничка иднина за граѓаните, туку да ги отвора раните од минатото за ниски политички придобивки. А ДУИ продолжува да ја игра својата старо-нова игра, насочена кон одвлекување на вниманието од своите криминали“.

Опозицијата пак, со контра став. Од СДСМ велат законот е во интерес на граѓаните и дека нема за цел межетнички тензии.

Од Европскиот фронт, пак велат дека Вреди станале заложник на ВМРО-ДПМНЕ на штета на Албанците.

„Поразените пратеници на Влен првично се изјаснија дека се против и ќе го спречат донесувањето на Законот за бранители, ја напуштија седницата, и по телефонскиот повик од нивните сопственици од ВМРО се вратија со свиткани опашки и обезбедија кворум за усвојување на дневен ред со се Закон за бранители...Ова вели дека Влен се заложници на ВМРО и со секоја нивна постапка ги земаат на врат Албанците“

Иако е ставен на дневен ред, Законот за бранителите не е се уште не е разгледан седница. Се работи за измени со кои се зголемува паричната помош на 80 илјади евра на семејството на починат припадник на безбедносните сили, или пак, паричен надосместок од 82 до 12 илјади евра на повреден бранител зависно од степенот на инвалидност. 

Но, освен Законот за бранители власта и опозицијата денеска се судрија и за изградбата на црквата во Врапчиште како прашање кое предизвикува поделби и дестабилизација во државата. 

По тензиите измнативе две дена, градоначланикот на Врапчиште Шабини објави дека се отвара дијалог со гостиварско-тетовската епархија за можна обмова на верскиот објект срушен во конфликтот 2001 година.