Средба со урбаните и месни заедници во општина Кисела Вода
Во рамки на тринаесеттиот циклус посети на општините на Град Скопје, градоначалниците на Скопје Коце Трајановски и на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и директорите на јавните градски претпријатија денеска одржаа средба со претставници на урбаните и месните заедници од општина Кисела Вода.
Како што се наведува во соопштението на Град Скопје, Трајановски на средбата имал краток осврт на досегашната соработка и проекти кои што се реализирани во Кисела Вода, а најавил и дел од капиталните проекти кои ќе се реализираат во наредниот период.
- Најголемиот проект кој го реализиравме изминативе години се двете фази од капиталниот проект за реконструкција и проширување на булеварот „Борис Трајковски". Со овој проект во првата фаза булеварот се прошири на потег од Рампа до крстосницата со улицата „Народни херои“ во должина од 1.380 метри, додека во втората фаза на потег од крстосницата со булеварот „Србија“ до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“ во должина од 1.126 метри. Во наредниот период Град Скопје ќе ја реализира и третата фаза од овој проект, каде што ќе се прошири улицата на потегот од фабриката „Стакларница“ кон населбата Драчево и ќе се изврши комплетна промена на подземната инфраструктура, со изведба на тротоари и на ново улично осветлување, рече тој.
Следната година, најави Трајановски, ќе почне и проектот за продолжување на булевар „Србија“ преку пунктот на ЈП „Улици и патишта" со изградба на нов кружен тек, како и изградба на улицата „Есенинова".
Градоначалничката Беличанец-Алексиќ го поздрави овој вид на соработка и комуникација каде што претставниците на урбаните и на месните заедници имаат можност директно да комуницираат и соработуваат со градоначалникот и со директорите на јавните претпријатија.
- Она што сакам да го истакнам како градоначалник на Општина Кисела Вода е дека ние во изминатиот период го заокруживме циклусот посети на месните и урбаните заедници од овој дел на градот, на кои ги евидентиравме барањата на граѓаните, увидовме какви се нивните потреби, но и лоциравме проблеми од кои дел се во наша, но дел се и во надлежност на градот. Сметам дека ваквите средби на службите на градот со претставниците на урбаните и месните заедници од општина Кисела Вода, на кои граѓаните во прво лице разговараат со надлежните за проблемите и можноста за нивно надминување, се уште еден чекор напред во продлабочувањето на соработката и можност за остварување на проекти кои се во интерес на граѓаните, кажа Беличанец-Алексиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување