Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста
Народната банка (НБ) е кредибилна институција и столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјата, беше посочено на работната средба на гувернерот Трајко Славески со директорот на Светската банка во зермјава, Масимилијано Паолучи.
Како што информираат од НБ, двајцата соговорници ја истакнаа важноста на досегашната успешна соработка меѓу двете институции и изразија подготвеност за продлабочување на партнерството, особено во контекст на структурните реформи, дигитализацијата и унапредувањето на сеопфатноста и отпорноста на економијата.
Гувернерот Славески посочи дека Народната банка и во иднина ќе биде отворена за соработка во областа на техничката помош и анализа, особено преку проекти коишто ќе придонесат за натамошно зајакнување на институционалниот капацитет, како и за поддршка на политиките за финансиска вклученост и одржлив развој.
Директорот Паолучи истакна дека Светската банка е свесна за значајната улога на Народната банка во одржувањето на стабилноста и на довербата во економијата и изрази подготвеност за понатамошна поддршка на процесите важни за економскиот напредок на земјата.
Ново на Сител
-
Русија го тестира Западот, притисокот мора да се зголеми, вели германскиот министер за надворешни работи
-
Протест на „Стоп за Вардариште“ со блокада на мостот „Близнаци“ во Скопје
-
Тошковски ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје
-
Истражна постапка против две лица осомничени за тепачка со смртни последици
-
Вучиќ пристигна во Осака на неколкудневна посета на Јапонија
-
Трамп го предупреди Израел да биде внимателен по нападот во Катар
-
Сончево со мала облачност и ветер
-
Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино