Средба Османи - Ханеда

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска имаше средба со првата Амбасадорка на Јапонија во Република Македонија, Каико Ханеда.
Како што соопшти Секретаријаот за европски прашања, на средбата Османи се осврна на посветеноста на Владата за реализација на Планот 3-6-9, што подразбира исполнување на Итните реформски приоритети, во интерес на евроинтегративниот процес на земјата.
- Вицепремиерот Османи изрази задоволство од досегашната дваесетгодишна билатерална соработка меѓу двете земји, која, како што рече, има покажано конкретни и одржливи резултати, од кои пред сè имаат корист граѓаните. Во овој контекст, тој ја истакна јапонската помош во здравствениот сектор и како пример ја посочи донацијата на медицинска опрема и возила за примарната здравствена заштита во повеќе општини. Но, посочи и дека Јапонија се има покажано како вистински пријател на Македонија, кога пред една година даде помош од над 100.000 евра за надминување на последиците од поплавите, а учествуваше и во обезбедувањето поддршка за справување со мигрантската криза, се наведува во соопштението.
Вицепремиерот Османи, се додава, потенцираше дека во претстојниот период соработката меѓу двете земји ќе се зајакне со потпишувањето на Спогодба за техничка соработка меѓу владите на Јапонија и Република Македонија, која во моментов е во фаза на финална консултација, покрај продолжувањето на веќе отпочнатите проекти за техничка помош и обуки во клучни сектори.
- Навистина верувам дека преку вашата амбасада и Вашето присуство во Македонија нашата соработка ќе се прошири во периодот кој следи и дека во наредните години ќе имаме уште поуспешна развојна соработка, порача Османи, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
