Македонија
25. January 2016 - 13:18

Средба на Заев со кинескиот амбасадор Зеншун Вен

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со кинeскиот амбасадор во Македонија, Зеншун Вен.

На средбата, како  што соопшти СДСМ, станало збор за актуелната политичка ситуација во Македонија и продлабочувањето на односите на Република Македонија со Народна Република Кина.

- Сите политички субјекти во Македонија и претставниците на меѓународната заедница се свесни дека се пробиени законските рокови за клучни обврски од Договорот во Пржино, прочистувањето на Избирачкиот список и регулација на медиумите, посочил Заев и додал дека очекува Државната изборна комисија во скоро време да излезе со проценка на роковите потребни за ефективно и квалитетно прочистување на Избирачкиот список.

На средбата била изразена заедничка согласност дека во интерес на граѓаните и на иднината на Македонија е стабилизирање на ситуацијата во земјава, а не продлабочување на политичката криза.

- СДСМ е одлучна за доследно спроведување на Договорот од Прижино. Неопходни се фер и регуларни избори во Македононија, за што мора да се обезбедат доверлив Избирачки список и минимум услови за објективно известување од медиумите.