Средба на Заев со амбасадорите

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретна со амбасадорите на Германија, на Велика Британија, на Шведска и на Холандија, Кристине Д.Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стафансон и Ваутер Пломп.
На средбата, како што соопштува СДСМ, е оценето дека е неопходно демократските процеси во Македонија да продолжат со цел да се формира новата реформска Влада, според очекувањата на граѓаните.
- Имавме кредибилни избори, на коишто мнозинството граѓани го поддржаа концептот на едно општество, развој на Република Македонија и квалитетен живот. Преточено во пратенички мандати, тоа се 67 мандати со коишто е обезбедено парламентарното мнозинство и се создаден услови за разговори за формирање на новата Влада, истакнал Заев.
Тој додал дека е неопходно Иванов веднаш да го даде мандатот за формирање нова влада во Р.Македонија, во интерес на граѓаните и на државата.
Според него, нови избори би значеле само продлабочување на кризата. - Ние сме определени кон унитарна Република Македонија, тоа е поддржано и од партиите со кои го обезбедивме парламентарното мнозинство. Ја имаме веќе основата на новата владина програма за што ќе се разговара во процесот на формирање Влада, таа е поставена на реформи, нови работни места, квалитетно здравство, образование, правда, враќање на парите кон граѓаните и евро-атлантски развој на Македонија преку заедништво, а не поделби, рече Заев.
Во соопштението стои дека на состанокот се изразени очекувања за зрелост од сите страни со цел Македонија и граѓаните што побрзо да ја добијат новата Влада, на мирен начин, како што доликува на земја што има за цел да биде дел од демократскиот свет.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
