Средба на владина делегација со претставници на Светска банка
Продлабочување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан и поддршката што ја дава Светска банка беше тема на средбата што владина делегација во чиј состав е Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и Драган Тевдовски, министер за финансии, попладнето во Софија со Кристалина Георгиева, главна извршна директорка на Светска Банка, придружувана од Сирил Милер, потпретседател на Светска Банка за регионот на Европа и Централна Азија и Линда Ван Гелдер, регионална директорка за Западен Балкан.
Од владината прес-служба инфомрираат дека делегацијата од Владата на Република Македонија на средбата го изразила цврстиот став на Владата за интензивирање на инфраструктурните проекти, како и за подобрување на поврзувањето во делот на трговијата, транспортот и информатичката технологија.
На средбата е изразена заедничка согласност на двете страни дека унапредувањето на соработката во последните месеци ќе продолжи и во иднина.
Средбата на делегацијата на Владата на Република Македонија со претставниците на Светска Банка на највисоко ниво се одржа во пресрет на утрешната Меѓународна конференција во Софија „Посилна регионална интеграција на Балканот“, на којашто е домаќин Светска Банка и на којашто ќе присуствуваат премиерите на Западен Балкан, за што вечерва од Брисел во Софија доаѓа и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот