Средба на вицепремиерот Груби со новиот британски амбасадор Лосон
Првиот потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија во Република Северна Македонија.
-Груби му посака успех во новиот мандат на амбасадорот Лосон и изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета Втора. На средбата потврдено е пријателството помеѓу двете земји и унапредувањето на соработката во економијата, одбраната како партнерски држави во НАТО, во борбата против криминалот и корупцијата како и натамошните реформски процеси, информираат од Кабинетот на вицепремиерот.
Амбасадорот Лосон, како што стои во соопштението, му честитал на Груби за евроинтеграцискиот напредокот на нашата држава како и почетокот на преговорите со ЕУ и истакнал дека ќе продолжи поддршката од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели како што е полноправното членство во Европската Унија.
На средбата со амбасадорот Лосон, констатирано е дека политиките на добрососедство даваат резултати во перспективите не само на земјава туку и на целиот регион, а Владата е насочена кон обезбедување на подобар живот за граѓаните, преку примена на европските вредности.
Ново на Сител
-
Стармер и Фон дер Лајен: Скапо ја плативме цената за руската енергетска уцена
-
Макрон: Американскиот гнев треба да биде насочен само кон Путин
-
Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“
-
Гробот на папата Франциск ќе биде отворен за јавноста од недела наутро
-
Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно