Средба на претседателот Пендаровски со претседателите Пахор и Милановиќ
Претседателот Стево Пендаровски, денеска во рамки на учеството на самитот на Брдо-Бриони Процесот, во Брдо кај Крањ, оствари одделни средби со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбата со Пахор, Пендаровски истакнал дека земјава силно ги вреднува одлучноста и поддршката од Словенија кон политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, како и најавата дека тоа ќе биде меѓу врвните приоритети во агендата на претседавањето на Република Словенија со Советот на Европската Унија во втората половина на 2021 година.
Претседателот Пендаровски посочил дека Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговарачкиот процес. Македонија, нагласил Пендаровски, останува посветена на исполнување на надворешно-политичката цел, односно полноправно членство во ЕУ, што ќе овозможи забрзано спроведување на реформите во земјата.
Двајцата претседатели разговарале и за состојбата со пандемијата на вирусот КОВИД-19, како и за справувањето со последиците од неа.
![]()
На средбата, пак, со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, Пендаровски се заблагодарил за силната и континуирана поддршка за европските аспирации, потврдена за време на шестмесечното хрватско претседателство со Советот на Европската Унија, кога беше донесена и одлуката за отворање на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ.
Интеграцијата на Македонија и на останатите земји од Западен Балкан во ЕУ, како што било истакнато на средбата, ќе придонесе кон трајна стабилизација на регионот, како и негов просперитет.
Двајцата соговорници размениле информации за актуелните состојби во двете држави, во контекст на справувањето со пандемијата на КОВИД-19, како и за предизвиците во справувањето со последиците на здравствен, економски и на социјален план.
На средбата била договорена скорешна посета на претседателот Пендаровски на Република Хрватска и продолжување на дијалогот меѓу двете земји на највисоко ниво.
Ново на Сител
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
-

Променливо облачно и нестабилна на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во деновите од продолжениот викенд
-

Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет - енергетската стабилност
-

Рибарски: Голем број станови изградени пред 2000 година се запишани со помала квадратура во Катастарот
-

Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе одржи камп во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера, треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка
-

Мицкоски: „Костал“ е инспирација да продолжиме да се надополнуваме, поддржуваме и заеднички да напредуваме
