Средба на претседателот Пендаровски со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон
Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
- Поздравувајќи ја првата посета воопшто на еден шпански премиер на нашата држава, претседателот Пендаровски истакна дека Шпанија низ годините се покажа како важен партнер на Северна Македонија на билатерален и мултилатерален план и принципиелен поддржувач на аспирациите за членство во Европската Унија. Притоа, претседателот Пендаровски изрази задоволство од динамиката на политичките контакти во последните неколку години, истакнувајќи дека истите значително придонесуваат за унапредување на односите меѓу двете држави. Во таа прилика, претседателот Пендаровски го истакна интересот за натамошно проширување на економската соработка, трговската размена и инвестициската соработка во наредниот период, соопшти Кабинетот на претседателот.
Во однос на одлуката на Европската Унија за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, претседателот Пендаровски оцени дека отворањето на преговорите е од големо значење не само за реформските потфати во двете држави туку има влијание и во актуелните геополитички и безбедносни околности во регионот и на европскиот континент. Во тој контекст, како што стои во соопштението, претседателот Пендаровски нагласи дека Северна Македонија останува конструктивен партнер на Европската Унија во одговорот на предизвиците предизвикани од воената агресија врз Украина.
-На средбата беше посочено дека претстојното претседателство на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година и претседателството на Шпанија со Европската Унија во втората половина на 2023 година се добра можност за меѓусебно координирање во однос на активностите и приоритетите. Во текот на разговорот, соговорниците разменија и мислења и во однос на актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора