Средба на претседателот Пендаровски со албанскиот колега Мета

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, ќе го прими претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Македонија.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, средбата ќе се одржи во кабинетот на шефот на државата.
Претседателот Мета е во работна посета на земјава на покана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Како што соопштија од оваа јавна национална установа, Мета во Скопје во просториите на Институтот, денеска, треба да одржи предавање на тема „Албанците во новиот милениум – предизвици и перспективи“.
Албанскиот претседател заедно со делегацијата на Одделението за наследство на Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза при Институтот, ќе положат цвеќе на спомен – плочата каде што се наоѓала куќата на Гонџа Бојаџиу на плоштадот во Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека поради посетата на албанскиот претседател Мета, за време на трите дена од неговиот престој, ќе бидат преземени мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.
Ново на Сител
-

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари
-

Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно
-

До 30 јуни 2026 година се продолжува кризната состојба на дел на територијата на државата
-

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
-

Даниел Раевски - волонтер и спасувач на Црвениот крст кој за Водици извлече давеник од Вардар
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
-

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје
