Средба на претседателот Иванов со маратонскиот пливач Томи Стефановски

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска гo прими македонскиот маратонски пливач Томи Стефановски по повод освоеното прво место во „Гран При" серијата на маратони на отворени води, што го организира Меѓународната пливачка федерација ФИНА.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, му честита на Стефановски за освоената шампионска титула, потенцирајќи ја важноста на напорната и пожртвувана работа како предуслов за големите спортски успеси.
- Вашиот успех е позитивен пример и мотив за голем број млади генерации кои од Вас ќе учат за спортските вредности. Ваквиот подвиг заслужува големо внимание и почит, зашто успесите и победите не обединуваат сите нас. Ви посакувам уште многу вакви достигнувања кои што истовремено придонесуваат и за меѓународната афирмација на Република Македонија, рече на средбата претседателот Иванов.
Стефановски изрази благодарност до македонскиот претседател за укажаната чест, споделувајќи ги импресиите од освоеното прво место, како и од предизвиците со кои што се соочил на маратонските патеки низ годините.
- Средбата со претседателот Иванов за мене претставува огромна чест, бидејќи се вреднува мојот труд кој го градам веќе 35-40 години. Ветувам дека ќе останам во овој спорт и ќе ги пренесувам моите искуства на помладите и на генерациите што доаѓаат, за сите тие, на следните Охридски маратони и другите пливачки натпревари, да ја претставуваат нашата држава колку што е можно подостојно, истакна нашиот маратонски пливач.
Томи Стефановски постигна историски успех во македонското маратонско пливање, со што ги исполни и критериумите за добивање на признанието спортист од светска категорија.
Годинава, најстариот пливач во „Гран При“ серијата на ФИНА, Стефановски, со своите достигнувања во долгогодишната кариера влезе во „Куќата на славните на меѓународното маратонско пливање“ и ќе присуствува на овој значаен спортски настан што ќе се одржи на 4-ти ноември во Лос Анџелес.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
-

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК
-

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ
-

Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш, нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари
-

Приведени 11 лица во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола
-

Приведени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Галузин: Европа засега нема разумни предлози за решавање на украинскиот конфликт
