Средба на претседателот Иванов со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија
Претседателот Ѓорге Иванов денеска одржа работна средба со амбасадорите на земјите членки на Европската унија во Република Македонија.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на Иванов, биле разменети мислења за аспирациите на Република Македонија за членство во Европската унија, актуелните состојби во поширокиот регион, особено во контекст на мигрантската и бегалска криза.
На средбата претседателот Иванов побарал промена на досегашниот пристап на Европската унија кон интеграцијата на Република Македонија, кој се покажа како непродуктивен. Досегашниот пристап, оценил македонскиот претседател, не помогна да се изгради повисока политичка култура и култура на компромиси и политички дијалог, како и почитување на институциите. Само со деблокада на македонските евроинтеграции, според претседателот Иванов, земјата ќе излезе од маѓепсаниот круг на политички кризи и недоверба.
Македонскиот претседател изразил очекување, веднаш по предвремените парламентарни избори, Европската унија и земјите-членки на конкретен начин да помогнат европската агенда и реализацијата на неопходните реформски процеси да станат приоритет и да помогнат во неопходноста за национално помирување.
Европските амбасадори ги поздравиле повиците на претседателот Иванов за национално помирување и се согласиле дека помирувањето е најургентниот од сите ургентни реформи во Република Македонија. Исто така биле поздравени напорите што претседателот Иванов ги прави во однос на добрососедските односи. Особено бил поздравен ангажманот на претседателот Иванов во однос на справувањето со мигрантската и бегалска криза и безбедносниот аспект од неа.
На средбата биле разменети мислења за заканата од илегална миграција и за заканата од насилен екстремизам. Претседателот Иванов оценил дека земјата има проактивен и превентивен пристап во менаџирањето на мигрантската криза и посочил дека и покрај внатрешната политичка криза, Македонија покажа дека има стабилни институции, кои успешно се справија со мигрантската криза и намалување на безбедносните ризици.
На работната средба, како што соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, биле разменети мислења и за состојбите во поширокиот реон, како и за односите на Република Македонија со соседните земји.
Ново на Сител
-
Крадел производи поставени пред маркет и нападнал вработена - приведен кавадарчанец
-
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија
-
Путин: Трамп направи многу за мирот
-
Израел: Хамас е поразен „секаде каде што се боревме против него“
-
Мерц најави помош од 29 милиони евра за Појасот Газа
-
МП: Венецијанската комисија даде позитивно мислење за предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители
-
ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори
-
Коцевски со писмо до комората бара адвокатите да не го злоупотребуваат предметот Пулс