Македонија
12. јуни 2024 - 9:15

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

Претседателката Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го приреди претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

Двајцата претседатели остварија куса средба, на која разменија мислења за пост-изборниот период во земјата и формирањето на новата влада и очекувањата за спроведување на реформите на македонскиот пат кон Европската Унија, соопшти кабинетот на Сиљановска Давкова.