Средба на премиерот Заев со шпанскиот амбасадор Каранза
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рамон Абароа Каранза.
На средбата од страна на шпанскиот амбасадор е пренесена честитка до премиерот Заев од шпанскиот премиер Маријано Рахој за преземањето на должноста претседател на Владата на Република Македонија, како и за неговите политики што овозможиле мирен трансфер на власта и можност за развој на Република Македонија.
Премиерот Заев, соопшти владината прес-служба, истакнал дека новата Влада е определена кон демократските политики базирани на европските вредности бидејќи стратешки цели на државата се интеграциите во Европската унија и во НАТО.
- Владата е посветена на политики на создавање доверба и на градење независни професионални институции во земјата, како и на градење мостови на соработка со соседите и со земјите од демократскиот свет. Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат перспективи и квалитетен живот и како Влада сме подготвени на тоа макотрпно да работиме, затоа што веруваме во успехот што следува, нагласил премиерот Заев.
- На средбата се потенцирани како важни инклузивните политики на премиерот Заев и новата Влада во престојниот процес на демократизација на општеството. Како посебно значајни се посочени реформите во правосудството за да се овозможи функционирањето на правната држава и достапност на правдата за сите граѓани во државата, соопшти прес- службата на Владата.
Ново на Сител
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница