Средба на премиерот Заев со американскиот сенатор Марфи
Претседателот на Владата Зоран Заев вечерва се сретна со американскиот сенатор Крис Марфи кој беше придружуван од амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е констатирано дека Република Македонија се движи во правилната насока, низ реформските процеси во земјата и чекорите на градење пријателства со соседите, на патот кон НАТО и кон ЕУ.
Сенаторот од САД, Марфи ги охрабрил премиерот Заев и Владата да ги понесат позитивните промени за иднината на Република Македонија. Исто така, сенаторот Крис Марфи пренесе дека САД останува искрен пријател на Република Македонија.
Како што се наведува во соопштението, Заев во име на граѓаните на Македонија и на Владата, се заблагодари на сенаторот Марфи за големиот пријател што го има Република Македонија во САД, како и за целата поддршка и помош што ја добиваат граѓаните и државата од САД, во важните демократски процеси.
- Застанавме цврсто за концептот едно општество за сите, во што ја градиме Република Македонија. Се посветивме силно на реформите во државата и на конкретни исчекори во добрососедските односи. Водиме инклузивни политики на дијалог и разбирање. И очекуваме дека тоа ќе биде вреднувано и вратите на НАТО и ЕУ да се отворат за Република Македонија, рече премиерот Заев.
На средбата се разговарало за повеќе актуелни политички прашања во земјава и регионот. Заедничка е согласноста дека иднината на Република Македонија и на целиот регион е во НАТО и ЕУ, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Aрсовска: Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на 12-катницата во Чаир, изградена без проект, на диво приклучена на струја, без платени комуналии
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони