Средба на премиерот Ковачевски со раководството на Фондот за развој на Абу Даби
Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска го посети Фондот за развој на Абу Даби (АДФД), каде оствари средба со генералниот директор Мохамед Саиф Ал Суваиди, со неговиот заменик Калифа ал Кубаси и со членови на раководството на Фондот.
AДФД е владинo тело и меѓународен инвеститор чии инвестиции се проценуваат на повеќе милијарди долари и е присутен и во развиени и во земји во развој во Северна Америка, Европа и Азија.
Во состав на владината делегација што престојува во посета на Абу Даби, се и министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата е оценето дека постои голем потенцијал за развој на соработката меѓу Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати, како и за реализација на инвестиции од ОАЕ во земјава.
На средбата од страна на ресорните министри биле презентирани можностите за инвестирање во нашата земја и стана збор за опциите за соработка на конкретни инфраструктурни проекти, како и за инвестиции во областа на агро-бизнисот, соларната енергија и туризмот.
– Дополнително, се зборуваше и за приоритетните области за инвестиции кон кои е фокусирана Владата, покрај обновливите извори и реализација на „Зелената агенда“, дигитализацијата, иновациите и современа технологија. Соговорниците разговараа и за предизвиците со кои Европа и светот се соочуваат во поглед на најголемата економско-енергетска криза како и за можностите за менаџирање и надминување, при што беше истакнат заедничкиот став дека најдобар начин за надминување на тие предизвици е реализација на инвестиции во инфраструктура, како и во иновации и нови технологии, се наведува во соопштението.
Од владината прес-служба посочуваат дека двете страни ја истакнале посветеноста за градење на дијалог помеѓу двете земји, кој ќе води кон унапредување на взаемните односи.
– Беше истакнато дека паралелно со политичките односи, интензивирањето на економските односи е од голема важност, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија
-
МЗ: Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи
-
Министерство за здравство: Ја следиме состојбата со пожарот во Трубарево, во координација сме со сите надлежни институции
-
КМФМ се оградува од настанот кој ќе се одржи во Јане Сандански: Шоу настан на кој наши членови нема да земат учество
-
Кикбоксерите со своите светски медалисти повторно на сопствен трошок отпатуваа на Европското јуниорско првенство
-
Пожар во фабрика во Трубарево, го гасат повеќе екипи, пожарникарите интервенирале и во Лисиче
-
Зидан постигна договор со Француската фудбалска федерација