Средба на премиерите на Србија, Турција и БиХ

Премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Турција, Ахмет Давутоглу и на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ денеска ќе се сретнат во српскиот град Нови Пазар, јави Танјуг.
Првично беше предвидено тројцата премиери да имаат средба во Белград, но Прес-службата на српската Влада синоќа соопшти дека таа е откажана.
Наместо тоа Вучиќ, Давутоглу и Звиздиќ денеска ќе престојуваат во Нови Пазар, град во западна Србија, каде мнозинството од жителите се Бошњаци.
Пред трилатералната премиерска средба, Вучиќ и Давутоглу ќе разговараат со новопазарскиот градоначалник Фарук Суљевиќ, при што според најавите, ќе стане збор за можностите за нови турски инвестиции во Нови Пазар и за зајакнување на економската соработка,
Суљевиќ во изјава за Танјуг нагласи дека локалните власти на Нови Пазар сакаат да му се заблагодарат на Давутоглу за се она што го направила турската развојна агенција за Општината.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
